„И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, е проектот на локалната власт што започна да се реализира по повод одбележување на 80 години од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на општината.
Целта на проектот е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат душа. Мотивите се познати личности од општествениот живот во градот , како и стихови и познати цитати од охриѓани. Преку проектот се настојува да се стимулираат младите уметници да ја прикажат својата креативност на јавни површини кои стануваат посредени и поубави.
Поради својата содржина и цел, локалната власт и во иднина ќе го поддржи настанот со кој што преку окото на уметниците ќе се отсликува градот.
Во проектот се вклучени младите ентузијасти од Културолошка иницијатива 5 до 12 и навивачката група „Рибари“ која што годинава одбележува 35 години од основањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.