Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка.

Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило.

Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.