Како вештачката интелигенција (ВИ) ги замислува совршените мажи? Многумина ќе речат, како холивудски ѕвезди, со привлечно лице и мускулесто тело, а некои од нив се прикажани и со бради.

Технологијата ја користи и облеката како инспирација за секоја одбрана нација и земја одделно.

Вештачки генерираниот „совршен“ Американец, на пр. e долгокос заводник со густа покуса брада, а Гркот ВИ го замислува со црна покуса коса и поретка брада. Севернокореецот е голобрад војник, а Мексиканецот е со сомбреро-капа и тесна мајца без ракави…

Најпривлечниот замислен маж од Исланд е современ русокос викинг, а ако ова беше натпревар за најдобра облека, победата веројатно ќе ѝ припаднеше Доминиканската Република, сметаат следачите на Редит.

„Најубавиот“ Македонец пак, ВИ го портретира како голобрадо момче со широка вилица, погусти веѓи и брановидна фризура.

На социјалните мрежи се појавија и примери на „совршениот маж“ од Сирија, Казахстан, Индија, Централноафриканска Република, Барбадос, Белорусија, Швајцарија, Египет, Бахреин, Лаос, Либан, Јапонија и повеќе други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.