Николина Радуновиќ од Подгорица на која Синиша Михајловиќ пред повеќе од две децении и помогнал да преживее се огласи на Фејсбук.
Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ и ја платил операцијата на срце и трошоците за лекување и таа била потресена и пред три години кога дознала дека Синиша е болен.
Утро 13 јули 2019. година… Прва вест што ја читам е врзана за Синиша Михајловиќ. Болен е велат води животна битка. Мој Синиша? Синиша чија фотографија зазема насловна страна на екранот на мојот телефон? Тој Синиша, Михајловиќ-човек, фудбалер, родољуб, хуманитарец, татко, сопруг, маж и величина во секој поглед.
Пред 19 години ми овозможи да живеам, ми овозможи да бидам она што сум сега, да го живеам животот кој го живеам, да чекорам по патиштата по кои чекорам, да чувствувам, да сакам- а тебе можеби најмногу.
Би сакала да можам да ти помогнам како што ти мене ми помогна. Би сакала да можам да додјам да те посетам, како што ти тоа го правеше. Ни, не можам. Мојата единствена помош ќе биде во молитвите-за уште една твоја победа. Ќе му се молам на Бога… во кој двајцата веруваме…Со надеж дека нема да ја заборави твојата широкоградост и дека ќе ти пружи рака исто како што ти ја прожаше на илјадници луѓе за твојот половина век живот.
Миха легендо…Миха кралу…Миха…Бори се! Издржи! Ќе победиш!, напиша тогаш Николина.
За жал Михајловиќ не успеа да ја добие последната битка со болеста, а вчера Николина само кусо напиша: Ти благодарам!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.