Славниот актер Метју Пери пронајден е мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години, а првичните информации говорат дека причината за смртта е давење.
Пери се прослави во планетарната серија Пријатели, меѓутоа според сопственото признание, серијата која му донесе и слава и пари, никогаш не ја гледал.
Не ја гледав серијата бидејќи ќе мораше да повторувам, алкохол, опијати, кокаин. Можев за секоја сезона да кажам што сум користел тогаш и зошто не сакам да ја гледам. Тоа е се што гледам – рекол актерот во една прилика.
Кога зборувал за зависноста, се расплакал пред камерите.
Во еден момент толку се тресев што ако сакав да се поместам само од полицата со книги до масата, морав тоа да го направам, потпирајќи се на нешто. Отиде толку далеку. Знаете она што ме тера да плачам е фактот дека ова не е чесно. Не е чесно само јас да минувам низ оваа болест, додека остатокот од екипата не. Тие добија се исто како и јас, ама само јас морав да се борам против моите демони, и се уште тоа го правам – рекол актерот низ солзи минатата година, за време на промовирањето на своите мемоари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.