СЕКОЈ ДЕН НАГРАДИ СО „НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР“ ЗА ПОЗАБАВНИ И ПОБОГАТИ ПРАЗНИЦИ
Од денес, сите регистрирани и нови учесници во игрите на среќа на веб-страната www.megawin.mk на Државна лотарија, имаат нова можност за уште повеќе забава и големи награди, со учество во новата наградна игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР со награден фонд од близу 5 500 000 денари.
Во период од денес заклучно со 19 јануари 2024 година на веб-страната www.megawin.mk учесниците коишто ќе се согласат за учество во играта ќе добијат интересен НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР во којшто секој ден за времетраење на играта ќе откриваат нешто ново, ќе собираат симболи и ќе се впуштаат во забавни авантури до освојување на некоја од вредните парични награди прикажани преку слики на нешта што ги посакуваме и места за коишто сонуваме.
Преку извадок од Правилата за наградната игра, ќе се обидеме да ја доближиме возбудливоста на играта: на НОВОГОДИШНИОТ КАЛЕНДАР се прикажани последователни броеви од календарски датуми во декември 2023 година и јануари 2024 година. Секој ден од 20.12.2023 заклучно со 19.1.2024 година, учесникот во оваа наградна игра има право на едно бесплатно вртење на виртуелното тркало на среќата по што добива симболи коишто го пополнуваат „Дрвото на среќата“, но учесникот добива и дополнителни можности за вртење на тркалото на среќата по секоја успешно завршена мисија. Целта е да се пополни „Дрвото на среќата“ со потребните симболи. Секој ден е нов предизвик и нова можност за освојување парична награда прикажана со одредена слика од илустративна природа. Богатството на симболи ја поттикнува имагинацијата и внесува дополнителна празнична возбуда. Интересно е дека секој учесник кој ги исполнува условите за учество во наградната игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР може да освои повеќе од 1 награда во рок од еден календарски ден, но исто така, доколку некоја од наградите планирани за одреден ден не биде освоена, истата ќе биде извлечена по пат на лотарија од сите учесници кои го собрале нецелосниот број на симболи за неа. Севкупно се работи за многу забавна наградна игра богата со награди којашто ќе ги збогати празниците и чувство на среќа. Повеќе детали на www.megawin.mk.
Наградната игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР со фонд од близу 5 500 000 денари започнува непосредно по завршувањето на првата наградна игра, со фонд од награди и подароци од 12 000 000 денари, со којашто се одбележа и отворањето на интернет-платформата мегавин на Државна лотарија. „Мега адреналин со мегавин“, е слоганот којшто е веќе оправдан и потврден бидејќи за многу кратко време преку оваа своја нова веб-страна Државна лотарија понуди многу забава, награди, подароци, добивки…
Новините и нивниот интензитет ја потврдуваат и новата иновативна и инвентивна стретегија на новата позабавна и поблиску до народот Државна лотарија.
Комерцијален текст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.