Градот Скопје по 11. пат се придружи на здружението ПРВ ДО ВРВ во организацијата на најмасовната спортска манифестација на Водно. Со над 3.000 учесници, професионални спортисти, рекреативци, планинари, велосипедисти, оваа година забележан е рекорден број на учесници.
Со стартот на велосипедистите од пред Музејот на Град Скопје, повеќе од 1.000 велосипедисти, во категорија на друмски велосипедизам, планински велосипедизам и возење електричен велосипед се натпреваруваа до врвот на Водно, а над 2.000 планинари со пешачење или планинско трчање ја завршија трката.
Град Скопје како и секоја година ја поддржува реализацијата на ПРВ ДО ВРВ како традиционален спортски настан, а по завршувањето на трките, на врвот на Водно се организира музичко забавен спектакл за сите спортисти и рекреативци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.