Во Дебар најсреќен беше деветгодишниот Павел Ангеловски, кој и минатата година го фати светиот крст, положен во водата на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде е и седиштето на Дебарската парохија.
– Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.
По светиот крст се фрлија Павел и Дарко Блажевски.
Годинашните кумови, семејството на Љупчо и Татјана Узуновски, соодветно го даруваа и Павел и верниците.
Пред положувањето на светиот крст, намесникот на Дебарската парохија Миле Ангеловски, отслужи Света Златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани кои денес живеат во други градови во земјава.
Големиот христијански празник, Богојавление – Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион. По повод Водици, дојдени се поранешни жители и нивните потомци. По празнувањето посебно се препознатливи селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.