Македонија е домаќин на Светското првенство во латино танци, кое ќе се оддржи од 6. до 11. ноември во хотел „Александар Палас“ во Скопје. На првенството ќе учествуваат повеќе од 20 земји и над 1000 учесници, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Организатори на првенството се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“.

Овие две танцови студија во минатото имаат организирано низа европски и светски првенства под палката на Интернационалната танцова организација, преку кои се промовира нашата држава во најдобро светло.

Првото првенство организирано од страна на танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ беше Европското првенство во Street dance show во 2018 година. Во 2021 година го организираа Европското првенство во модерен и класичен балет, а во 2022 и 2023 година беа домаќини на Европското првенство во хип-хоп танци.

Поради добрата организација на овие првенства, Интернационалната танцова организација им ја додели довербата на танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ да го организираат и Светското првенство во латино танци оваа година, но и Светското првенство во хип-хоп 2024.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.