Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувло“ во атарот на селото Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.
На иницијатива на Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, Министерството за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на „Уникатната тектонска појава на локалитетот Дувало Косел“ во атарот на село Косел, Општина Охрид, за природна реткост.
Со цел да се спречи оштетување, уништување и нагрдување на природната реткост „Уникатната тектонска појава на локалитетот Дувало Косел“, како и извршување на други активности од страна на физички и правни лица со кои дирекно или индирекно може да се загрози природната реткост, градоначалникот се грижи и презема активности за чување и одржување на природната реткост заради спречување на: секаков вид градежно-технички активности, изведување земјени работи на локалитетот, пренамена на земјиштето на пошироката околина на локалитетот, оградување, пошумување или сеча и воопшто промена на постоечката вегетација во околината, особено ако е без претходна стручна консулатција, предизвикување пожар во поширока околина на локалитетот и фрлање отпадоци, смет, градежен шут и други материјали на локалитетот и неговото опкружување, се наведува во решението.
Локалитетот Дувло се наоѓа на оддлеченост од 7 километри северно од Охрид, на десната страна од регионалниот пат Охрид – Битола во село Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.
Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.