Видеоигрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty) стануваат побогата со уште еден лик во изборот на играчите, а тоа е „ѕвездата“ на „Томб рајдер““ – Лара Крофт.
Познатиот виртуелен лик ќе се појави во игрите „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи им се на ликови од вистинскиот свет, како Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, „Бојс“ и други. Издавачката куќа „Активижн“ (Activision) не откри подробности за тоа како играчите ќе може да ја купат Лара Крофт, но најверојатно станува збор за пакет со повеќе ликови. Ликот на Минаж, на пример, беше дел од сезонски пакет што чинеше 10 долари.
Исто така, се очекува да се продаваат и предмети и сувенири поврзани со Лара Крофт, па нејзините познати пиштоли треба да бидат дел од првата линија.
Издавачот не дава точно време кога Лара ќе биде достапна за игрите, а наскоро доаѓа надградба за сезона 4, па, познавачите сметаат дека тоа може да биде добра можност да се претстави овој нов лик.
Играта „Call of Duty: Modern Warfare III“ ќе биде објавена во ноември, а последната видеоигра за Лара Крофт беше „Shadow of the Tomb Raider“ од 2018 година. Од друга страна, пак, „Амазон“ подготвува ТВ-серија „Томб рајдер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.