Крива Паланка испишува уште една новогодишна бајка и годинава несомнено е дека ќе биде најубаво новогодишно украсен град во Македонија.
Тоа го покажуваат и фотографиите кои ги објави општината, а на кои Крива Паланка личи како светски град, па не џабе го нарекоа бајкоград.
Општинската каса не ја чини ништо. Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината, а голем дел од нив за Нова Година си доаѓаат дома. Така беше лани, кога им се допадна како беше накитен градот, ми рекоа дека се презадоволни и дека следната година би сакале и тие да учествуваат во украсувањето. И си го одржаа зборот. Затоа оваа година е уште поубаво украсено од лани. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот. Има поубава и поголема елка, има куќички за греано вино, кафе, чај, колбаси, мекици, новогодишни украси и се што е потребно за забава, вели Митовски .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.