Кристофер Броснан (51), син на познатиот актер Пирс Броснан (71), по извесно време е виден во јавноста.
Откако завршил со појадокот, кафето и разговорот, Кристофер бил забележан како се враќа од тоалетот, за да извади ролни тоалетна хартија што ги ставил во џебот додека бил во тоалетот, а потоа ги ставил во ранец што го имал со себе кога пристигнал во барот.
Посвоен син
Кристофер не е биолошки син на Пирс Броснан. Неговите биолошки родители се првата сопруга на Пирс, Касандра Харис и нејзиниот поранешен сопруг Дермот Харис. Пирс ги посвои Кристофер и неговата сестра Шарлот во 1986 година, откако Дермот почина. Пет години подоцна починала и Касандра, а потоа и Шарлот.
Меѓутоа, Пирс и Кристофер деновиве не се во добри односи. Актерот се огради од посвоениот син поради неговата зависност и проблемите со законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.