Поранешниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко се разведува од сопругата Наталија.

Тој за потврдил веста за украинските медиуми и рекол дека одлуката за развод по 25 години минати во брак била заедничка.

Одлуката за развод беше заедничка. Долги години наназад имаме различни интереси и различни животи. Одлучивме тоа да го направиме официјално. И натаму имаме добар однос, се почитуваме, децата веќе пораснаа, а животот оди понатаму – вели Виталиј.

Моето срце е окупирано само со Киев, како да не го сакам мојот Киев, додава Кличко.

Виталиј и Наталија се венчаа во 1997 година и имаат два сина и една ќерка.

Наскоро поранешната сопруга на Кличко се занимава со хуманитарна работа, а со животот пробала да биде и пејачка и кантавторка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.