Традиционално, Кичево се подготвува за празничните денови, во што се вклучени претставници од граѓанскиот сектор, а во што поддршка имаат и од локалната власт.
-И млади и возрасни, сите сме во празнично расположение. Во тоа се вклучени учениците во училиштата кои изработуваат лампиони и разни украси. Плоштадот веќе добива новогодишно-божиќен лик, меѓу другото и со поставената голема божиќна пештера, вели Филип Тинтоски од здружението “Козма Пречистански”.
Додава дека Кичево за секој празник е полн со нови изненадувања и поради тоа станува место во кое секој жител, но и посетител, може да празнува со голема радост.
-Предвидени се многу нешта, забава за најмладите, новогодишната елка и куќичката за Дедо Мраз веќе се поставени, ќе има и воз за деца, пакетчиња, божиќен концерт, и слично. Празнувајќи во ваков амбиент, сите чувствуваме дека само вака за сите животот станува поубав: преку заедничка желба за доброто на сите, посочува тој.
Тинтоски оценува дека Кичево е „одличен пример како сите заедно можеме да направиме убави нешта, посебно на радост на најмладите.
Во име на организаторите изразува благодарност до градоначалникот Фатмир Дехари, кој редовно дава поддршка, како и до фирми, родителите и самите деца, кои учествуваат во реализацијата на оваа значајна активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.