Џиновски топчест „вселенски брод“ наменет за концерти беше сефтосан во Лас Вегас, а Американците зборуваат за тоа како изгледа необичната концертна сала. На нејзините ѕидови се проектираат најразлични пејзажи и слики во движење. Честа да ги одржат двата први концерти во салата ја имаа U2, популарниот ирски бенд.

Но, едно е однадвор да ги видите проекции во калотата вредна 2,3 милијарди долари. Одвнатре е како да сте во планетариум, ама џиновски, хипер-планетариум, „џиновски вселенски брод“.

Оваа топка е и најголемата сферична структура во светот, во моментов. Висока е 111 метри, а широка 157. Внатрешноста може слободно да ја збере Статуата на Слободата, сосе факелот и да остане простор, да не биде кнап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.