Човекот амфибија во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на дното на Охридското Езеро, кај плажата Сараиште се обиде да се ослободи и излезе на површината на водата, без никакви помагала, по примерот на светски познатиот илузионист Худини.
Јане Петков со силината на мислата и на волјата, со посебни техники на дишење, за нецели 3 минути успеа да се ослободи со „лисиците“ и од вреќата во која беше врзан, од дното на Охридското Езеро, кај плажата „Сараиште“.
– Бројните присутни охриѓани и гости не го криеја своето воодушевување од подвигот на 70-годишниот Јане. Овој необичен и атрактивен настан кој се реализира во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024, е во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 и Нуркачкиот центар Акватек од Охрид, информираат организаторите.
Јане Петков како вљубеник во Охрид кој е негов втор дом, како што самиот вели, подготвува посебно изненадување и атракција за следниот Ohrid Water Festival 2025 година. Денешниот подвиг го изведе без никакви помагала, по примерот на светски познатиот илузионист Harry Houdini.
Јанко Петков е роден на 6-ти август 1954 година во градот Сандански, во Пиринска Македонија. Натпреварувач на пливачкиот клуб „Вихрен“ од 1960-тите. Добитник на многу медали од натпревари во Бугарија и Грција. На почетокот на 1990-тите, тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода во базен за нешто повеќе од еден час, земајќи здив секој пат кога ќе го допре ѕидот. Оттука и неговото име „Човек амфибија“. Има рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа, подобрување на рекордот на Индиецот Гопал-Карли во Охридското Езеро во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.