„Ди-си комикс“ објави дека, поради падот на продажбата, ќе ја прекинат серијата стрипови за бисексуалниот „Супермен“, со поднаслов „Синот на Кал-Ел“.

Заплетот на серијата се врти околу 17-годишниот Џонатан Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, а првиот број беше пуштен во продажба минатиот октомври. Според проценките на продажбата на „Комикон“, јавна база на податоци за продажбата на стрипови, првото издание на синот на Суперман е продадено во 68.800 примероци, а последниот број се продал во само 34.000 примероци.

Последното, 18-то издание ќе биде објавено овој декември.

Замислата да се замени Кларк Кент со друг директен бел спасител се чинеше како пропуштена шанса – изјави создавачот на приказната Том Тејлор во една пригода.

Гејб Елтаеб, кој работеше како колорист за „Ди-си комикс“, се откажа минатата година во знак на протест, опишувајќи ја стрип-серијата на Тејлор како „стрип што ја мрази Америка“.

Елтаеб потоа почна да работи на својот стрип против новиот американски тренд „будење“. Првото издание на приказната „Исом“, на писателот Ерик Јули, се продаде во 43.000 примероци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.