Италијанскиот свештеник дон Антонио Романо објави денеска дека ќе ја напушти службата бидејќи се вљубил во една жена откако 23 години водеше грижа за верниците во близината на Свелино, јужно од Неапол.
По долгогодишно пријателство, спознав дека ја сакам жената со која споделувам чувства, тежнеења, вредности, вера, принципи и идеали, наведе дон Антонио Романо, парох на Киусано Сан Доменико, пренесе Анса.
Тој истакна дека не може да продолжи да се бори против својата природа, но дека секогаш ќе ѝ биде на услуга на својата заедница, пренесува Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.