Перо Јаневски, скромен и срдечен жител на Општина Аеродром, инаку пасиониран скопски риболовец му прати порака на Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК… : Треба да снимите документарен филм со нас спасените , благодарение на 112!
Тој ја раскажа неговата сторија за неговиот кобен ден… Инфаркт… борба за живот… во првиот можен миг се јавил на 112 во ЦУК… а бил сам далеку во прекрасната дивина на Македонија при обичен ден за рекреација, на риболов на Езеро Козјак, уживајќи како пасиониран риболовец во успешниот риболов… Драматичен ден за него, а редовен за институциите од Системот за управување со кризи…
Тој, сега веќе закрепнат од драматичниот за него настан, кога бил сам и во опасна животозагрозувачка итна ситуација далеку во дивината на Македонија на риболов, на вливот на реката Треска во Езеро Козјак, посочи дека треба и другите да разберат, а коишто се уште не знаат – дека преку 112 се спасуваат животи. Со споделувањето на неговата драматична приказна во јавноста чувствува дека ќе помогне и на многу други да знаат како да реагираат при опасен случај за нив. Тоа, нагласи Јаневски, особено треба да го знаат повозрасните и со здравствени проблеми: треба неодминливо да го знаат 112, ако одат некаде сами во природа, далеку од населени места, како телефонски број што им овозможува да побараат на многу едноставен начин помош, со што се бележи и нивната локација од каде што се јавиле за помош.
Денес, Перо Јаневски повторно го живее животот со голема благодарност до сите институции од Системот за управување со кризи што беа и директно и индиректно ангажирани за неговото спасување, а и кон медиумите од коишто дознал за функцијата на 112 и во нашата држава…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.