Европратеникот Илхан Ќучук беше домаќин на гостинска група во Брисел, Белгија, вклучувајќи ученици од Бугарија и Македонија. Тридневната посета на учениците од двете земји е дел од натпреварот: „Нацртај ја Бугарија, нацртај ја Македонија“. Автори на делата се учениците од ОУ „Исмаил Кемали“ од општина Чаир oд Скопје, како и матуранти од СОУ „Вела Благоева“ од Велико Трново.
На средбата со европратеникот присуствуваа и заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања на Македонија, Бојан Маричиќ како и амбасадорите на Бугарија и Македонија во ЕУ.
„Мораме да градиме мостови меѓу двата народа, а не да подигаме ѕидови. Вие сте иднината на нашите две земји и примерот што го давате е значаен за добрососедските односи. Верувам дека ќе продолжиме да ги развиваме ваквите активности и со заеднички сили ќе постигнеме многу повеќе“, им порача Илхан Ќучук на учениците.
Според заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања на Македонија и главен преговарач за земјава, Бојан Маричиќ потенцираше дека ваквите иницијативи се најдобрата можност за градење на европска самосвест кај младите.
„Мило ми е што децата од Бугарија и Македонија уште од најмала возраст можат да ја видат Европската унија одблиску и да ја запознаат работата на европските институции. Ова е единствена можност да се изгради европска самосвест и пријателски врски, нешто што за жал нашите генерации го немаа како можност“, рече Маричиќ.
За време на посетата, учениците се запознаа со работата на европските институции и лично разговараа со европратеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.