Доколку алиштата имаат непријатен мирис по перењето в машина, време е таа да се исчисти со помош на три состојки коишто ги има во скоро секој дом – алкохолен оцет, медицински алкохол и сода бикарбона.
Постапката е следна: Се вади фиоката од машината за перење. Потоа, во шише со распрскувач се истура 100 милилитри алкохол и се напрскува на местото на фиоката. Таа потоа треба да се измива со топла вода и се прска со оцет и пред да се врати во машината за перење. Во преградата каде што вообичаено се истурате омекнувач, истурете малку оцет, а во другите две прегради ставете сода-бикарбона во иста мера колку што обично се става прашок.
Во барабанот на машината за перење се сипува приближно 450 милилитри оцет и се вклучува на 90 степени. Откако машината ќе заврши со работа, се отвора вратата и почекајте околу 10 минути, пренесува „Кликс“.
На крајот, испрскајте алкохол во барабанот и избришете темелно со памучна крпа. Оваа постапка се повторува еднаш месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.