Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест, јави ДПА.
Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.
Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.
Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден“, вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.
Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност, јави ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.