Откако почна војната меѓу Израел и Палестина најмалку 22 новинари се убиени, според Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ). Во оваа бројка се вклучени 18 Палестинци, тројца Израелци и еден Либанец, додаде Комитетот.

ЦПЈ припишува 15 од овие смртни случаи на израелски воздушни напади и два на напади на Хамас во Израел. Дополнително, осум новинари се повредени и тројца се исчезнати или уапсени, се вели во соопштението на Комитетот.

  • ЦПЈ нагласува дека новинарите се цивили кои вршат важна работа во време на криза и не смеат да бидат цел на завојуваните страни, кажа портпарол на ЦПЈ.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.