Аеросмит повеќе нема да биде на турнеја, бидејќи гласот на фронтменот Стивен Тајлер е трајно оштетен откако во септември минатата година ги повреди гласните жици.

Тој помина неколку месеци работејќи неуморно за да си го врати гласот. И покрај тоа што работеше со најдобрите медицински тимови, видовме како се мачеше. Јасно е дека целосно закрепнување на неговиот глас не е можно, се вели во соопштението на групата, пренесува Ројтерс.

Тајлер минатиот септември објави дека ги повредил гласните жици за време на турнејата „Peace Out: The Farewell Tour“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.