Црвените мониста се составен дел од многу народни носии низ словенскиот свет. Црвената била боја поврзана со убавината и елеганцијата кај старите Словени и постоело верување дека црвените корални ѓердани имаат магична моќ.

Ваквите украси исто така се користеле за да се покаже статусот и богатство на жената – колку повеќе црвени мониста има една Словенка, толку побогата е нејзината фамилија. Ѓерданите биле скапи, па обично се оставале во наследство на следните генерации.

Светлоцрвените мониста значеле дека жената е силна и здрава. Во тие времиња повеќето жени не ја напуштале куќата без нивните ѓердани.

Дури и во модерните времиња, рускиот збор за убава – „красива“ (красивый) е хомоним со зборот за црвено – „красна“ (красный).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.