Помалку од една недела по смртта на Метју Пери, во негова чест е најавено фомирање на Фондација Метју Пери која ќе им помага на луѓето кои се борат со зависноста, објави „НБЦ Њуз“.
Фондацијата „Метју Пери“ е реализација на трајната посветеност на Метју да им помага на другите кои се борат со болеста на зависност. Таа ќе го почитува неговото наследство и ќе биде водена од неговите сопствени зборови и искуства и водена од неговата страст да направи разлика за што е можно повеќе животи, се вели во соопштението.
Пери беше многу искрен за тоа како се бореше со зависноста во текот на неговиот живот.
Во своите мемоари, актерот не криел кога објаснувал колку време поминал на рехабилитација, дури и забележал дека живеел во установа додека ја снимал познатата епизода каде Чендлер и Моника се венчале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.