Непрофитната организација, Фондација Отворено општество, која на крајот на 2021 имаше над 500 вработени до сега од Сорос има добиено повеќе од 32 милијарди долари.
Според даночните пријави, најголем расход на Фондацијата во 2021 биле платите и пензиите, трошејќи 72 милиони долари за плати во 2021, и уште 40 милиони долари за бенефиции и пензија.
Од Отворено општество ги потврдуваат промените објаснувајќи дека без разлика на тоа остануваат посветени на основните принципи („демократија, човекови права, климатска правда и справување со нерамноправност“).
Пред некој ден менаџерите на Фондацијата добиле меил со „ресурси и совети за комуницирање и поддршка на нивните тимови за време на промените.“
Во едно од првите интервјуа како нов поглавар на Фондацијата, 37-годишниот Алекс Сорос порача дека се додека „другата страна“ продолжува да истура пари во политика и тие ќе продолжат да даваат пари во политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.