Актерката Ева Лонгорија е една од добитничките на наградата за храброст и цивилизираност на Безос, што е огромна добротворна поддршка која генералниот директор на Амазон, Џеф Безос и неговата вереничка Лорен Санчез ја даваат на филантропските активисти.

Славната актерка доби 50 милиони долари и има десет години да пронајде доволно дојстојни добротворни организации на кои ќе треба да ги донира. Дел од средствата ќе одат и на непрофитната организација која го носи нејзиното име, која од 2012 година им помага на латиноамериканците во образованието со стипендии.

Лонгорија и Санчез неодамна имаа и заедничко интервју во кое беше истакнато дека Санчез се занимава со филантропија долго време и дека страста за тоа ја наследила од семејството.

Мојата баба волонтирала во локалната болница, а ноќта пред да почине, правевме леб од банана кој го делевме на медицинските сестри и лекарите кои работеа втора смена, изјави Санчез.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.