Големиот „Есенски базар“, во организација на Скопје Сити Мол ќе се одржи од 17 до 20 овој месец. На настанот ќе земат учество 28 индивидуалци – занаетчии.
Рачната изработка е во подем и бројот на современи креативци, кои создаваат уникатни производи се повеќе се зголемува. Деликатно направениот избор на модерни ракотворци е со единствена цел да се поддржи занаетчиството на оригинални производи. Во секој рачно создаден производ, компримиран е креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.
На четиридневниот базар ќе земат учество брендови, кои нудат широка палета производи, уметници, кои не се плашат да експериментираат и храбро да концепираат и компонираат иновативен накит од керамика и рачно плетен накит од не’рѓосувачки челик и кожа. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Преку овие дела, уметниците ги раскажуваат своите приказни, на концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На базарот, голем дел од уметниците ќе се претстават и со аксесоари изработени од кожа, керамички дизајни, восочни фигури, рачни везови, производи од природна мерино волна, маици со оригинални принтови, воздушни билки, украси од дрво, рачно изработени ранци и чанти, аксесоари за миленици, плетни играчки…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.