Ени Ленокс настапи на доделувањето на наградите Греми во сегментот на церемонијата посветен на починатите ѕвезди, а повика на прекин на огнот во Појасот Газа.
Во последните моменти од нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“, во чест на починатата ирска пејачка Шинејд О’Конор, Ленокс со солзи во очите, ја крена раката и извика: „Уметниците за прекин на војната. Мир во светот“.
Нејзините обожаватели ширум светот го изразија своето задоволство од нејзиниот храбар апел за време на настапот во кој оддаде почит и на починатата ирска пејачка, позната по нејзината поддршка и застапување за палестинските права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.