Германските служби за спроведување на законот вршат рации во становите на двајца еколошки активисти од движењето Letzte Generation (Последното поколение) во Капциг, кои на 23-ти август се залепија за сликата „Сикстинската Мадона“ на италијанскиот сликар Рафаел Санти во Дрезденската галерија, пишува во четвртокот весникот Bild.

Како што пренесува весникот, штетата предизвикана на платното во галеријата во источногерманскиот град Дрезден се проценува на повеќе илјади евра.

Според процената на Државните уметнички збирки на Дрезден, штетата што ја предизвикале активистите на позлатената рамка на ренесансното ремек-дело изнесува 5.000 евра. Покрај тоа, принудното затворање на уметничката галерија довела да загуба на приходите во износ од 7.000 евра..

„Државните уметнички збирки на Дрезден ќе поднесат граѓанска тужба против вклучените лица за отштета во вкупен износ од 10.000 до 12.000 евра“, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи на германската сојузна покраина Саксонија.

Истовремено, од движењето Letzte Generation повикаа на „порешителна борба“ против климатски промени на планетата и ветија дека ќе продолжат со протестните акции.

Активистите на движењето претходно фрлија бока на фасадите на зградите во кои се сместени седиштата на партиите од владејачката во Германија коалиција – Социјалдемократската партија, Зелените и Либералите. На крајот од октомври двајца еко-активисти го блокираа  автопатот А100 во Берлин, парализирајќи го сообраќајот на оваа делница. Тогаш сообраќајниот метеж доведе до доцнење на медицинска помош на местото на несреќата поради што почина повредената велосипедистка.

Движењето последните неколку седмици речиси секојдневно ги блокираат сообраќајниците, а остро се критикувани поради неодамнешната сообраќајна несреќа во која смртно настрада жена на велосипед, откако возилото на берлинските итни служби не можело да се пробие до местото на несреќата поради сообраќајниот застој предизвикан од блокадите. Повредената жена им подлегна на повредите неколку дена подоцна.

Неколку политичари повикаа на поостри мерки против демонстрантите чија цел се и музеите, а активистите се на удар на и на социјалните мрежи.

Полицијата и државното обвинителство сѐ уште ја истражуваат несреќата за да се разјасни дали вината треба да им се припише на активистите. Се разгледува, исто така, можна тужба против активистите поради попречување на службени лица кои пружаат помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.