Поранешната ѕвездата на НБА, Владе Дивац, го претепал ексфудбалерот, воедно и негов близок пријател, Ниша Савељиќ, бидејќи ќерката на Дивац, 24-годишната Петра му се пожалила дека Савељиќ ѝ праќа пораки на Инстаграм и дека и се додворува.

Инцидентот се случил на крајот на декември минатата година во ресторан на Врачар, Белград.

Повикувајќи се на доброупатени извори, српски Курир, објави дека 51-годишниот Ниша на Петра ѝ пишувал дека веќе пораснала, дека е убава и ја прашувал кога ќе се видат. Таа била непријатно изненадена од онесувајњето на блискиот пријател на татко ѝ, по што му ги покажала пораките на Дивац.

Дивац на првата средба го претепал. Како што пишува српски Курир, тој не очекувал вакво нешто од човекот кому финансиски му помогнал и му нашол смествување во САД. Савељиќ пак во изјава за Курир го потврдил инцидентот и рекол дека му е жал што бил погрешно сфатен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.