Во недела, 24 декември, во 17 часот сите патишта водат кон Арената Борис Трајковски, каде е се подготвено за детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“. Ова е можност сите заедно да ја испратиме старата и со Петар Пан, Ѕвончица, Венди, неговата дружина, изгубените момчиња, индијанците, пиратите, Капетан Кука и страшниот крокодил, да ја дочекаме Новата 2024 година.
Тука е и Дедо Мраз, а како што е најавено на денешната средба со новинарите, не очекуваат многубројни изненадувања и фантастича забава: Петар Пан во новогодишно руво ќе го фрли златниот прав на чудата, а Дедо Мраз ги повикува сите деца ама и оние што не сакаат да пораснат да не ја пропуштаат оваа неверојатна претстава.
Да потсетиме: сценариото и сонговите на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се дело на Ирена Лозинска а за магичната музика се погрижи Владимир Дојчиновски. Петар Пан е синоним за волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен. Во тоа ќе ве уверат вистинските ѕвезди на претставата, децата од Балетското студио – Арт Балет. Новиот музички детски спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ го организира Прагма продукција. Билетите можат да се купат на продажните места на Розе Веро 2 , и преку онлајн на KUPIKARTA.COM
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.