Во Македонија се евидентирани 1.765 гнезда на штркови при последниот попис што го спроведе Македонското еколошко друштво. Пописот е спроведен во рамки на осмиот Европски цензус на штркови, што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014.
Од овие 1.765 гнезда, 1.388 се активни, а 389 неактивни. Вкупниот број на изведени штркчиња е 3.934.
Во споредба со пописот од 2015, во Македонија има зголемување на популацијата на штркови за 60%, при што бројот на активни гнезда пораснал од 837 на 1.388. Исто така, годинава се извеле 49% повеќе млади споредено со 2014 (1.964).
Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија со 541 и Овче Поле со 326. Во Пелагонија имаше и најголем број млади – 1.170, следено од Овче Поле и Кочанско Поле со 707. Трите села во најмногу гнезда на штркови се Стојаково со 53, Богородица со 45 и Росоман со 41.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.