По повод Меѓународниот ден на Толеранција на прогласен од Обединетите Нации, 16 ноември, истиот ден, со почеток во 12 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи настан за меѓуетничка и меѓуверска толеранција, под мото „Чекориме заедно“ со главна тема соживот.
Настанот е во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по шести пат организира активности за одбележување на овој ден.
Настанот ќе започне со проекција на краткометражниот филм „Награда“ напишан и режиран од Лидија Мојсовска, кој обработува теми поврзани со етничките и верските предрасуди и потребата за толеранција помеѓу различните заедници.
По филмот ќе следи трибина и дискусија која ќе биде модерирана од Елена Гаговска, граѓанска активистка и фриленс новинарка/писателка, а соговорниците ќе бидат луѓе кои се истакнати во полињата на образованието и граѓанскиот сектор: Виолета Георгиевска, менаџер на програмата за развој на деца и поранешен директор на СОС детско село, Тамара Ќупева, научен соработник во Институт за македонска литература, УКИМ и долгогодишен професор во средно училиште, Насер Мифтари, професор по историја при СУГС „Зеф Луш Марку” – Скопје, долгогодишен просветен работник и граѓански активист, Кенан Таир, комуникациски координатор од граѓанската организација за правата на Ромите „Ромалитико“.
На настанот ќе присуствуваат ученици и наставници од различни средни училишта со цел да се подигне свеста кај младите за меѓу-етничка и верска толеранција.
Настанот е отворен за јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.