Православните христијани на третиот ден од Божиќ го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко.

Најраспространет обичај во минатото за Свети Стефан бил да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот.

Според обичаите, жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.