Преподобен Максим се роди околу 580 година во Цариград. Имаше високо потекло. Во младоста се здоби со врвно образование беше најголемиот философски ум на своето време.

Едно време служеше како императорски секретар, а потоа ја напушти службата и се повлече Хризополскиот манастир до Халкидон. Наскоро, неговото име неоделиво ќе се врзе за православната борба против монотелитската ерес.

Заради своето тврдо исповедништво ќе биде осакатен и ќе умре в затвор, во 662 година. Неговото дело правилно го оцени шестиот вселенски собор, одржан во 680 година. Од него ни останаа многу значајни дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.