Детски шеги, новогодишна еуфорија, родителски емоции, вака се опишуваат првите впечатоци по претставата „Сами сме дома“ во која глумат 70 млади актери на возраст кои се дел од актерската школа на Весна Петрушевска.

„Драго ни е што првите претстави ги распродадовме во рекордно време и што оваа модерна, забавна и интерактивна новогодишна претстава „Сами сме дома“ ќе се прикажува повторно на 27ми декември, вторник, од 18 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата навистина им покажеме на децата дека можат да ги допрат ѕвездите!“ истакна актерката Весна Петрушевска.



Работата на Весна Петрушевска кон најмалите љубители на пишаниот збор и театарот е континуирана. Секој час во актерската школа на децата е едукација и забава уште од мали нозе, каде се дава љубов и поддршка од децата за децата.

„Овие “мали” актери на публиката им ја пренесуваат сета среќа и тага од драмските текстови. Време е да ја почувствуваме сите заедно новогодишната магија” додаде Петрушевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.