Војникот Џек Бурнел Вилијамс (18), кој учествувал на погребот на кралицата Елизабета Втора, бил пронајден мртов во касарната.

Џек, кој служел во домаќинството коњаница, бил прогласен за мртов во касарната во Хајд Парк, Лондон. На местото на настанот веднаш била повикана итна помош и полиција.

На социјалните мрежи од починатиот војник се прости и неговата мајка.

Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но сите сме скршени како семејство поради ненадејната смрт на нашиот прекрасен син – напиша таа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.