Праправнуката на британскиот полицаец кој учествувал во потрагата по Џек Мевосек, тврди дека го открила идентитетот на серискиот убиец на проститутките кој харал во источен Лондон на крајот на 19 век.
Оттогаш, десетици луѓе се поврзани со убиствата, дури и членови на кралското семејство и премиери.
Во книгата што ќе биде објавена следниот месец, Сара Бакс Хортон, правнука на полицаецот вклучен во истрагата, тврди дека тоа е Хајм Хајмс. Таа за Сандеј Телеграф изјави дека ова е прв пат Хајм Хајмс, производител на пури, епилептичар и алкохоличар, да биде идентификуван како Џек Мевосек.
Според тезата на авторката, Хајмс често ја тепал сопругата, бидејќи мислел дека го изневерува, а подоцна бил уапсен бидејќи со секира ги нападнал сопругата и мајка му.
Сведоците го опишаа како човек на околу триесет години со исушена рака и свиткани колена. Авторот изнесува медицински информации во кои се наведува дека Хајмс, кој имал 35 години во 1888 година, се здобил со повреда која го оневозможила да ја свитка или да ја испружи левата рака и дека имал проблеми со колената, но и дека страдал од редовни епилептични напади.
Медицинските досиеја собрани од болниците покажуваат дека времето на неговата физичка и ментална болест се совпаѓа со периодот на убиствата помеѓу август и ноември 1888 година.
Во овој период, шест жени биле убиени во областа Вајттчапел.
Авторката заклучува дека болеста, поттикната од алкохолизмот, го навела да убива. Убиствата престанаа на крајот на 1888 година кога полицијата го привела Хајмс како луд скитник.
Следната година, тој бил сместен во институцијата Colney Hatch Lunatic Asylum, во северниот дел на Лондон.
Во 2014 година, авторот и бизнисмен Расел Едвардс дошол до заклучок дека Џек Мевосек е Арон Космински, еврејски имигрант од Полска, кој работел како бербер и веќе се сметал за еден од главните осомничени. Неговата теза, заснована на ДНК анализа, беше отфрлена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.