Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид со известување до верниците за богослужби по повод претстојниот празник на светиот Свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

На 14 јуни во 19.00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба, додека на 15 јуни во 07.45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 09.00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.15 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Имајќи предвид, велат, дека регуларниот пат од Охрид до манастирот Св. Еразмо Охридски моментално е во прекин поради изведување градежни работи на истиот, а во консултација со надлежните служби, додаваат дека приодот до манастирот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку Подмоље па кон манастирот Св. Еразмо Охридски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.