Аукциска куќа од Лондон објави аукција на предмети од Титаник, а меѓу предметите кои привлекоа најголемо внимание е менито од првокласниот ресторан на бродот. Покрај малите лични предмети како џебен часовник и ќебе, најголемо внимание на јавноста привлече менито од еден од првокласните ресторани на Титаник, со список на се што јаделе гостите ноќта на 11 април, 1912 година.

Експертите укажуваат дека менито најверојатно останало зачувано во џебот на преживеан, спасен од водата неколку часа по потонувањето. Достапните извештаи покажуваат дека од 329 луѓе кои патувале во прва класа, 199 преживеале.

Кога пристигнале во Нова Шкотска, Канада, менито завршило во рацете на историчарот Лен Стивенсон и го наследило неговото семејство, кое сега го ставило на аукција. Необичен фрагмент хартија открива дека вечерата на 11 април вклучувала разновидни и рафинирани јадења како што се чорба од зеленчук, јагнешко со сос од нане, говедско месо со крем од рен и пире од пашканат, па дури и остриги. Десертите вклучуваа тарт од кајсија и пудингот на Викторија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.