Меморандум за соработка во областа на туризмот денес беше потпишан од страна на д-р Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и Коста Маневски, градоначалник на oпштина Зелениково.
Потврдувајќи ја заедничката заложба, интерес и унапредување на соработката во областа на туризмот како и споделување на заеднички искуства коишто се значителни за туристичкиот потенцијал, превземање на напори, зацврстување на пријателските односи, Aгенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и општина Зелениково се согласија да бидат потписници на овој меморандум.
Заложбата на двете страни е да создадат нови туристички производи, но и во подобрување на политиките и развојот на приватниот сектор во туризмот. Акцент ќе се стави на зацврстување на соработката преку заедничко делување и реализирање на меѓународни и меѓугранични проекти кои ќе имаат за цел да придонесат заедничка промоција на туристичките потенцијали дома и во странство. Кокнкретно, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со партнерите општина Зелениково и Асоцијацијата за промоција на планинскиот туризам на Косово, заедно ќе аплицираат на повик за проекти преку ИПА пограмата за меѓугранична соработка. Во периодот што следи ќе се бараат дополнителни партнери со кои ќе се дефинираат конкретните активности за реализација на меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Косово, а акцент се става на активниот туризам.
Општина Зелениково има потенцијал за развој на културниот, руралниот и агро туризмот, но потребна е валоризација на туристичките атракции. Потребни се и инфраструктурни вложувања за достапност на спортско качувачкиот локалитет Кадина пештера. За полесна достапност на истиот Агенцијата за туризам веќе постави инфо табли и клинови согласно сите безбедносни снадарди за качувачите. Со туристичкиот развој на општината се отвараат можности за нови работни места што позитивно ќе влијае на локалната економија”- истакна директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски.
Целокупната комуникација во однос на имплементацијата на активностите договорени во овој Меморандум ќе биде следена и развивана од Зоран Николовски, раководител на сектор поддршка при АППТ и Дејан Димитровски, раководител на одделение во општина Зелениково.
Страните потписнички на овој меморандум ќе воспостават поволна рамка за промоција и инвестиции во областа на туризмот, преку поддршка и давање препораки, проширување на мрежата на соработка со други институции како и меѓусебно информирање за постигнатите резултати произлезени од сите видови на туризам (културен туризам, рурален туризам, еко туризам, организиран и индивидуален итн).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.