Еден жител на Њујорк го клонирал својот сакан француски булдог, па добил четири слични кучиња со кои „среќно живее во својот дом“, пишува „Њујорк пост“.

Роберто Ново (62), инаку фризер, раскажува за миленичето по име Мачито. Биле неразделни, а кога кучето навршило 12 години, човекот посакал да го клонира своето домашно милениче. Тој се обратил до компанија за клонирање кучиња и дал примерокот на ДНК на Мачито. Две години подоцна кучето умрело, по што Ново решил да продолжи со клонирањето.

Постапката чинела 50.000 долари, но Ново ја немал таа сума, па решил да продаде слика со пеперутка од уметникот Енди Ворхол, којашто висела на неговиот ѕид.

Убаво беше да се види таа убава слика на мојот ѕид, но тоа не можеше да ми ја даде љубовта што ми недостигаше – објаснува Ново.

Откако ги собрал парите, Американецот го платил клонирањето и ги чекал резултатите. По некое време му се јавиле и му рекле дека процедурата е успешна.

Така, тој сега нема едно здраво кученце француски булдог, туку четири – клонираните Мачиту и Тулула и нивните деца, кои ги нарекол Фајзер и Модерна.

Претходно беше објавено дека 6-годишно куче чивава по име Миракл Мили било клонирано 49 пати, затоа што научниците сакале да откријат зошто е толку мало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.