Во Францускиот институт во Скопје синоќа беше отворена модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ“ составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.
Изложба на тема мода и Пикасо, симбол кој секако ги обединува нашите три земји Шпанија, Франција и Македонија. Инаку Пикасо по потекло е од Шпанија, живееше и во Франција, а секако дека се вклучи во тоа движење на солидарност со Скопје по земјотресот, дарувајќи едно дело кое за жал не е секогаш на располагање за публиката да може да го види“, рече Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје.
Преку избор на овие модни креации, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Шпанија продолжуваат со омаж на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век Пикасо.
Навистина ни е драго што имаме можност да ја видиме оваа изложба денес. Таа е потврда за успехот на настанот од декември, потврда за Вашата креативност и на Вашите студенти. Низ креациите се разоткрива инспиративноста на Пикасо и како што претходно беше споменато таа ги поврзува нашите три земји во овој случај низ модата и мислам дека тоа е добро одбран симбол и импересионирана сум“, рече Ана Гарсија, заменичка на амбасадорот на Шпанија.
Нас ни оддалеку не ни е амбиција да се мериме со генијалноста на Пикасо, но мене лично ми е една од фасцинациите и уметници од минатиот век, смета проф. Лидија Георгиева.
Јас завршив ликовна академија така што добро ја познавам и ликовната уметност и модниот дизајн. Повеќе ми беше интересен педагошкиот момент, така што многу беше важно студентите да ја разберат важноста на кубизмот како правец и на некој начин Пикасо бил доста арогантен во однос на тоа какви се правила скршил во уметноста и какви се врати тоа потоа отворило. Јас не можам да надокнадувам недостатоци и дупки во образованието, но кога можам да намправам фокус во уметноста тоа го правам“, изјави проф. Лидија Георгиева од Катедра за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.