Скопското астрономско друштво организара изложба на астрофотографија по повод 25 години од Скопското астрономско друштво.
Изложбата ќе биде отворена вечерва, 25.12.2023 година (понеделник), во 19 часот во Кинотеката на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопското астрономско друштво, направени на разни локации во Македонија. Целата е да се пренесат убавините и инспиративните глетки, кои може да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени разни небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејзажни фотографии со астрономски мотиви.

Влезот е бесплатен.

Скопското астрономско друштво (САД) е здружение на љубители на астрономијата, кое е основано во 1998 година во Скопје.

Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.