Изминатиот викенд, сцената на Националната опера и балет во Скопје блесна со неверојатната енергија и посветеност на над 2000 деца од различни возрасти, од 10 различни држави, односно -36 танцови студија и балетски групи.
Ова беше вистински спектакл, празник на насмевки кој потврди дека танцот е чудо, но успешноста на оваа професија, исто како кај другите, зависи од талентот, посветеноста и вежбањето. А овие деца танцуваа со најмногу љубов освојувајќи ги срцата на домашната и меѓународната публика.
Скопје дишеше три дена во ритамот на танцот, а на него учествуваа над 5000 лица од Романија, Хрватска, Турција, Бугарија, Србија, Грција, Косово,Словенија, Унгарија и Македонија .
Настанот се одржа на двете сцени во НОБ, траеше цели 13 часа, исполнети со настапи во различни танцови стилови: класичен и современ балет, акробатски и улични танци. Натпреварувачите ја демонстрираа својата извонредна посветеност и уметничка експресија, создавајќи вистински спектакл за сите присутни и за сите возрасти.
Како круна на настанот беше Гала вечер каде настапија 14-те најдобри кореографии, избрани од еминентните судии на натпреварот. Тоа беше момент на инспирација за сите, кој го истакна најдоброто од младите таленти и остави силен впечаток на публиката. Гранд прито и припадна на акробатската група Тапија Денс Хаус од Софија, Бугарија а од Македонија беа наградени Денст тим Фјужн од Куманово, Еурека од Скопје, Студио за танц Бах од Струга и Балетското студио Балерина.
Стејџ е е континуирано препознаен и подржан од Министерството за култура и е организиран од Тамара Ѓурчиновска и балетското студио „Арт Балет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.