Почина Вера Ќосевска, една од најзначајните архитекти во земјава. Родена е во 1929 година во Осијек, Хрватска. Со архитектура и градежништво се запознава уште во детството.

Основно образование завршила во Осијек, а гимназија учела во Загреб и Белград, каде завршила 1948, а истата година се запишала на Архитектонски факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала 1953 одличен успех, во класата на професор арх. Станко Клиска, со проектот Болница за костнозглобна туберкулоза во Калишта на Охридското Езеро.

Меѓу нејзините познајчајни дела во плодната карира е објектот на Театарот на народности во Скопје, денешен Албански театар и на Гинекологија Чаир.

Ќосевска е авторка на објектите Полициска станица Гази Баба, на Болниците во Струмица и во Куманово, на Противпожарен дом во Скопје, Фабриката „Мирка Гинова“ во Скопје.

Скопје и целата архитектонска заедница се збогува со Вера Ќосевска, која почина на возраст од 95 години. Вера Ќосевска беше една од најзначајните архитекти на Скопје со 103 објекти зад себе, кои го обликуваа ликот на нашиот град.

Ќосевска беше една од главните архитекти ангажирани за изградбата на Градскиот ѕид на Скопје, историски и културен симбол на градот. Нeјзината работа на овој објект е особено значајна, бидејќи таа го интегрирала современиот архитектонски стил во традиционалната градска визија.

Нејзините проекти вклучуваа не само јавни згради и станбени комплекси, туку и уникатни простори кои ги збогатуваат урбаните средини. Вера Ќосевска беше позната по својот уникатен стил и посветеност кон зачувувањето на културното наследство, истовремено инкорпорирајќи современи архитектонски трендови.

Станбените блокови се подигнати според проектите на авторскиот тим составен од: Н. Богачев, С. Ѓуриќ, Љ. Маленкова, А. Серафимовски, С. Симоски и В. Ќосевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.