Градежниот изведувач во Печиград кај Велика Кладуша во Босна и Херцеговина и неговиот тим ја завршиле работата на семејна куќа. Пред почетокот на работите, сопственикот на куќата дал капар за почеток на градба, но како што пишува порталот Црна-Хроника.инфо, остатокот од парите не им го исплатил на мајсторите. Наводно се работело за долг од 600 евра.

Мајсторот Мухамед К. решил да ги скрши прозорците на куќата бидејќи сопствениците не сакале да платат за нив. Сè е снимено.

Инаку, Мухамед е татко на три деца и семејството го издржува со пари од градежните работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.